Француски суд ја казни сопствената држава со 10 милиони евра: „Направивте малку за да го подобрите квалитетот на воздухот“

од Nikola Popovski

Француски судот се закани дека ќе ја казни земјата со дополнителни 10 милиони евра на секои шест месеци додека не се исполнат стандардите.

Највисокото правно тело во Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра, бидејќи не успеа да го подобри квалитетот на воздухот во одредени области во земјата.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, и нареди на владата да го намали нивото на азотен оксид и штетни честички во повеќе од 10 зони, со цел да се усогласат со европските стандарди.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година е превисоко во Париз и вториот по големина град, Лион.

„Мерките преземени од владата се недоволни за одлуката на судот од 2017 година да се смета за целосно извршна“, се наведува во државниот совет.

Владата тврди дека воведе нови мерки од минатиот јуни за чистење на воздухот во градот, вклучително и воведување зони со ниска емисија на гасови, поттикнување (купување) на електрични и хибридни автомобили и постепено исфрлање на котлите за нафта.

Слични содржини