Планираните француски трговски санкции против Велика Британија поради конфликтот околу дозволите за риболов нема да се применат пред средбата на францускиот министер за европски прашања Клемент Боун со британскиот министер за „Брегзит“, Дејвид Фрост во четврток во Париз, изјави Боун.
„Во интерес на дијалогот, мерките што ги најави и подготви Франција нема да бидат применети пред овој состанок и испитувањето на новите британски одговори за издавањето дозволи за риболов“, рече Боун, пренесе Ројтерс.
Франција претходно најави дека од 2 ноември ќе применува санкции против Британија поврзани со дозволите за риболов.
И францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека Франција дала нов предлог за олеснување на спорот со Велика Британија за правото на риболов и дека разговорите меѓу двете страни ќе продолжат утре, по истекот на рокот што Париз го постави за воведување санкции, пренесе Танјуг.