Француските сили убиле лидер на Исламската држава, Макрон: „Тоа е голем успех“

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека француските воени сили го убиле исламскиот милитант Аднан Абу Валид ал Сахрави, водачот на Исламската држава во Сахара.

„Тоа е уште еден голем успех во нашата борба против терористичките групи во Сахел“, рече Макрон, пренесе Ројтерс.

Сахрави беше долгогодишен водач на Исламската држава во регионот Сахел во Западна Африка, а неговата група целеше американски војници во смртоносен напад во 2017 година, објави кабинетот на Макрон.

Во август 2020 година, Сахрави лично нареди убиство на шест француски добротворни работници и нивниот возач од Нигерија.