Французин се обидел да им забрани интернет на децата, го исклучил сигналот за целиот град

од Nikola Popovski
286 прегледи

Два француски градови останаа без интернет неколку ноќи откако родител се обидел на необичен начин да ги спречи своите деца да се поврзат на интернет.

Жителите на Месанж и уште еден близок град на југот на Франција ги изгубиле телефонскиот и сигналот на интернет од полноќ до три часот по полноќ во текот на неколку дена, бидејќи еден нивни сограѓанин користел блокатор на широкопојасен интернет.

Неименуван маж сега се соочува со парична казна до 30.000 евра и шест месеци затвор доколку биде прогласен за виновен.

Оператор на мобилна телефонија забележал една вечер дека една од антените престанала да пренесува сигнал во Месанж, пренесува РТС.

Техничар од Националната агенција за фреквенции отишол на локацијата со опремата за да утврди што е проблемот.

Тој утврдил дека брановите доаѓаат од куќа, каде што домаќинот подоцна потврдил дека користел блокатор за да ги спречи своите деца да користат интернет во текот на ноќта.

Тој мислел дека го блокира домашниот интернет и телефонскиот сигнал во неговата куќа, но Националната агенција за фреквенции наведува дека уредите често имаат многу поголем домет отколку што велат продавачите.

Слични содржини