Пензионер од Франција почина од многу ретка форма на беснило, што наводно го добил од лилјак што му паднал на таванот, потврдија здравствените власти.
Иако човекот почина во август 2019 година, лекарите сега велат дека веруваат дека лилјак од таванот го гризнал или го изгребал и со тоа му пренел опасен вирус.
Човекот, кој имал околу 60 години, починал во болницата, а лекарите тогаш објавиле дека причина за смртта е енцефалитис од непознато потекло.
Бидејќи никој не можеше да утврди како настанало воспалението на мозокот, примероците беа испратени на испитување во Институтот Пастер, а една година подоцна пристигнаа резултатите кои покажаа дека човекот починал од лисавирус тип 1 (EBLV-1), што се пренесува со лилјаци.
Овој необичен случај стигна до јавноста по објавувањето на научен труд на порталот mesvaccins.net.
Еден од истражувачите во Институтот Пастер рече дека ова е и првиот случај на ЕБЛВ-1 откриен во Франција.
Г-дин Даша тврди дека сличен случај бил регистриран во Русија во 1985 година и дека две лица починале во Финска истата година од вирусот ЕБЛВ-2. Истиот вид на вирус уби 2002 година еден човек во Шкотска
Тој посочи дека во Франција не е забележан ниту еден случај на беснило со децении.
– Последниот случај во Франција, а го пренесе „животно што не лета“, е регистриран во 1998 година – рече Даша.