Фрчковска: Одземената „Луј Витон“ торба од кај Јанева, не е истата од снимките на Камчев

од Vladimir Zorba
530 прегледи

Адвокатката на обвинетата Катица Јанева во случајот „Рекет“, Ирена Фрчковска по завршувањето на денешното рочиште изјави дека торбата „Луј Витон“, која беше одземена од станот на екс јавната обвинителка, не е торбата од снимките на бизнисменот Орце Камчев.

– Сакам да ги демантирам вчерашните информации во некои медиуми кои напишаа дека одземената ташна „Луј Витон“ од кај Катица Јанева, е онаа која се гледа во снимките на Камчев, изјави адвокатката.

Претходно, адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по завршувањето на денешното рочиште упати приговор на наведената презентација на материјалните докази од страна на Јавната обвинителка. Пред се станува збор за доказите во вреќата 39, наведени во точката 54, за која нема потврда за одземени предмети од претресот во станот на обвинетиот извршен на 15.7 2019.

Во врска со оваа точка се гледа дека има групно фотографирање, без идентификација на секој одземен преедмет, вели тој.

Сите одземени предмети од Боки 13, потоа се носат со неколку пати прикажаното возило на паркингот пред МВР

– Ниеден од овие докази не беше идентифициран спорд ЗКП, посочи Дуковски. Нема никакво учество на обвинителството

Во врска со доказите од вреќите 33 до 35 не се одземени од кај Бојан Јовановски, туку од Јасна Мандиќ, истакна Дуковски во приговорот пред судот.

Мандиќ е осомничена за измама и за перење пари, поточно милион евра кои Боки 13 со измама ги зел од бизнисмените Силјан Мицевски и Ардиан Амзоски, убедувајќи ги дека ќе гради домови за стари лица.

При презентирањето на доказите за одземените предмети од Зоки Милевски – Кичеец, се гледа дека е пронајдена огромна количина оружје. Во Арачиново кај неговиот татко е пронајден сеф со оружје, муниција, СИМ- картички итн.

Рочиштето продолжува на 6 февруари.

И.Р.

Слични содржини