Вториот француски предлог е најдобрата опција која Македонија некогаш може да ја добие, тврди поранешниот амбасадор во ООН и професор Љубомир Фрчковски. Тој во во „Аргумент плус“ на „Телевизија 24“ рече дека овој предлог има две доста важни ставки за нас.
„Не разбирам што значи поимот Уставни измени со одложено дејство, бидејќи доколку се донесат измените и Бугарија почне да поставува и други услови, Уставните измени можат да се вратат назад. Јас мислам дека од Владата го немаат прочитано вториот француски предлог кој е многу важен бидејќи има две важни ставки за нас а тоа е дека во иднина Бугарија нема да поставува прашања за идентитот туку ќе прифатат да бидат малцинство во нашата држава и вториот е за признавање на јазикот како единствен без никакви додатоци“, рече Фрчковски.
Според него, очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ да добијат гаранции од земјите членки на ЕУ дека после Уставните измени Македонија ќе влезе во унијата, се невозможни бидејќи такво нешто не е предвидено, напротив Европската унија има статут кој им овозможува на земјите членки да стават вето во било кое време за прашање кое го сметаат дека е важно.
Според него целта на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да се излираат.
„Сметам дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се повлечат од ЕУ интеграциите и да се изолираат“, изјави Фрчковски тврдејќи дека процесот на изолација е инспирација од новите случувања во САД со кои новиот претседател Доналд Трамп сака да ја изолира Америка, а тоа според него треба најмногу треба да не плаши бидејќи регионот ќе остане без својот стратешки партнер.