Фредерик Х: Се надевам дека ќе бидам крал кој обединува, за тоа се подготвував цел живот

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Кажувајќи ги зборовите: „Да живее кралот Фредерик Десетти“ трипати, данската премиерка Мете Фредериксен го прогласи Фредерик X за крал на Данска, Гренланд и Фарски Острови на балконот на палатата Кристијанборг во Копенхаген.

Од истиот балкон, Фредерик Х потоа го одржа својот прв говор, велејќи дека се надева дека ќе стане обединувачки крал на утрешниот ден, објави „Гардијан“.

„Тоа е задача за која се подготвувам цел живот. Тоа е задача што ја прифатив со гордост, почит и радост“, рекол кралот Фредерик.

Слични содржини