Freedom House: Се помалку слобода и во САД

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Неисполнетите ветување на Барак Обама да ја зајакне отвореноста во работата на неговата администрација, исто така е причина за влошување на ситуацијата

4624497

Американската невладина организација Freedom House (“Фридом хаус”) алармира во новиот извештај дека слободата и во САД станува помала. Таа  ја вклучи САД во листата од земји каде се забележува “трендот кон влошување” на ситуацијата со слободата во различните нејзини манифестации. САД ја добија оваа проценка “поради кумулативниот ефект на недостатоците на изборниот систем, загрижувачката зајакнување на улогата на приватни пари во предизборните кампањи и законодавниот процес, а исто така и за законодавните блокади. Како причини за оценката се посочуваат неисполнетите од претседателската администрација ветување да се зголеми отвореноста во работата на власта, последните настани  со расна дискриминација и други недостатоци при функционирањето на правосудството, појаснија авторите на извештајот.

Фридом хаус: И натаму пад на слободите во Македонија

Сепак САД остануваат во категоријата на “слободните држави”, сметаат авторите на извештајот. “Трендови за влошување” на ситуацијата, аналитичарите на “Фридом хаус” гледа уште во 15 држави, меѓу кои  Македонија, Црна Гора, Турција, Молдавија, Таџикистан, Унгарија,и други. / ТАСС