Еден млад човек е осомничен дека фрлил солзавец за време на настапот на Горан Бреговиќ на Фестивалот на пивото во Корча.
На видеата се гледа како учесниците ги тријат очите поради болки и солзење предизвикано од солзавецот.
Имало и такви кои ја прашале полицијата за контролата што ја вршеле врз сите присутни.
Синоќа беше последната вечер на Фестивалот на пивото во Корча, на која настапи српско-хрватскиот пејач Горан Бреговиќ, чие присуство со денови предизвикува многу дебати во земјата.
Бројни полициски сили биле засилени синоќа и ја следеле целата ситуација. Биле преземени и други мерки за да се спречи влегување во овој простори, како и воведување нелегална опрема или алатки што евентуално би можеле да се искористат за да предизвикаат непријатни ситуации, но сепак имало инцидент.