Фрлена бомба во објект на булеварот „Гоце Делчев“ – нема повредени

од Radmila Tasevska
294 прегледи

Синоќа во 21:11 часот во Полициската станица Центар, 31-годишен скопјанец пријавил дека во неговата авто перална на булеварот „Гоце Делчев“, две лица со мотоцикл фрлиле направа која предизвикала експлозија.

-На 05.01.2023 во 21.11 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека две лица кои биле со мотоцикл фрлиле направа во неговата авто перална на бул.„Гоце Делчев“, која предизвикала експлозија од која настанале оштетувања на помошен објект – барака. Повредени лица нема, потврдија од МВР за Локално. За настанот бил известен Јавен обвинител и увид на местото извршила екипа од ЕВР Центар и Бит Пазар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Слични содржини