Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Според неофицијални информации, пејачот не бил во куќата за време на експлозијата. Дотичниот имот се наоѓа во населбата Дедиње

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Здравко Чолиќ

Српските медиуми објавија дека синоќа била фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград.

Според Telegraf.rs, полициските сили веднаш го блокирале пристапот до имотот по приемот на пријавата, а истрагата ја спроведуваат припадници на Министерството за внатрешни работи и дежурниот обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Форензичките експерти собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор со цел да го идентификуваат напаѓачот. Според првичните информации, нема повредени, но зградата претрпе значителна материјална штета.

Според неофицијални информации, пејачот не бил во куќата за време на експлозијата. Дотичниот имот се наоѓа во населбата Дедиње.