ФРЛЕНИ НЕИСКОРИСТЕНИ ВАКЦИНИ, лекари одбиле вакцинација: „Нема друга опција“

од Stefanija Kuzmanovska
338 прегледи

Голем број на неискористени вакцини против ковид-19 се фрлени во некои украински медицински институции. Причината поради тоа е што некои лекари не се појавиле на договорените термини за вакцинација, објавија денеска пратениците на украинската владејачка партија.

Вакцинирањето на 41 милион луѓе против ковид-19 штотуку започна во Украина, бидејќи минатата недела пристигна првата пратка од 500.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“, но таа земја се соочува и со значителен скептицизам кај граѓаните кон вакцината, пренесува „Ројтерс“.

Владата на Украина како приоритет ја утврди вакцинацијата на медицинските работници на првата линија на фронтот против короната, а статистичките податоци покажуваат дека 47 отсто од Украинците не сакаат да се вакцинираат.

„Важно е да разбереме зошто лекарите одбиваат да се вакцинираат“, рече Олександар Корниенко, лидер на партијата Слуга на народот на претседателот Владимир Зеленски.

Претседателот на парламентарниот комитет за здравство, Михајло Радукиј, оцени дека состојбата е многу лоша.

„Нема друга опција. Кога некој нема да дојде на договорениот термин за вакцинација, шишето со вакцината може да се чува отворено само два до три часа, по што мора да се фрли“, навел Радукиј.

До 28 февруари биле администрирани вкупно 3.141 доза на вакцина, вклучувајќи 90 дози во последните 24 часа, покажуваат податоците на украинското Министерство за здравство.

Слични содржини