286
Средовечен маж од Крива Паланка на вториот ден од новата година фрлил шише со запалива течност пред домот на неговата сопруга, со која се во процес на развод, соопшти полицијата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 02.01.2023 пред домот на неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, тој фрлил шише со запалива течност и предизвикал експлозија“, велат од МВР.