ФРОДЕМ: Банките конечно одлучија повеќе да не го финансираат режимот

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Сериозните отпори, несогласувања на граѓаните како и нашата висока свест и совест наспроти неодговорната извршна власт и криминализирана партиска врхушка спречија да се направи финансиско и економско злосторство над недолжните и невини македонски граѓани.timthumb (21)

Комерцијалните банки и инвеститорите конечно одлучија повеќе да не го финансираат режим воспоставен од криминализираните партиски структри и лажни патриоти.

Матниот Вардар ја однесе ,,најуспешната” економија во светот. Од надојдените големи вардарски води врбите не ни родија грозје. Благодарение на алчната криминализирана власт ќе немаме за плати и пензии. Ќе немаме за леб, а виновниците ќе јадат млечни чоколади. Македонскиот кормилар кој управуваше и сеуште управува со галијата до догледно време заминува на североисток. Истиот тој и неговите измеќари дозволија народот по корка леб да ни избега на југ и запад.

Матен Варадр е крив за сѐ. Тој донесе и тој ќе однесе, велат од ФРОДЕМ.

6

SHARES