ФРОДЕМ: Сите учесници во преговорите да ги надминат суетите и партиските интереси и да работат за доброто на Македонија

од Vladimir Zorba
88 прегледи
ФРОДЕМ се огласи со соопштението за последните случувања на политичката сцена во земјава. Ова е нивното соопштение.
front_za_demokratska_obnova
Сакаме да ги информираме сите граѓани на Република Македонија дека ФРОДЕМ е крајно разочаран од неуспешните преговори со кои се загрози реализацијата на договорот од Пржино, а воедно и се игнорираа препораките од извештајот на Прибе. Со последниот исход од преговарачките активности сметаме со жалење дека Република Македонија повторно влегува во политичка криза.

Апелираме до сите учесници во овие преговори да ги надминат своите суети и партиски интереси и да работат за доброто на Република Македонија.

Исто така, апелираме и до граѓаните на Република Македонија да бидат поактивни околу решавањето на оваа криза, делувајќи како совесни граѓани преку своите партии, невладини организации, само со една цел „МАКЕДОНИЈА ШТО ПОСКОРО ДА ЈА ВИДИМЕ КАКО ДЕМОКРАТСКА, ПРОГРЕСИВНА ЧЛЕНКА НА ГОЛЕМОТО ЕВРОПСКО СЕМЕЈСТВО.“

Претседателството на ФРОДЕМ