ФРОДЕМ со иницијатива за оценување на Уставноста на деловникот на Уставниот суд

од Vladimir Zorba
125 прегледи

ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на Уставноста на одредени одредби од актуелниот деловник на Уставниот суд.фродем

Со оваа иницијатива, како што стои во соопштението, ФРОДЕМ бара поништување на одредби од деловник на Уставниот суд кои се во директна спротивност со Уставот на Македонија, односно на постапката за заштита на слободите и правата, постапка за решавање на судир на надлежности и постапката за одземање на имунитетот и за утврдување на трајно загубување на способноста за вршење на функцијата на судија на Уставниот суд.