Граѓаните ги победија манипулантите. Паднаа маските на милитантните структури од ДУИ и на лажните патриоти во ДПМНЕ. Граѓаните ја сфатија дволичната политика на власта, која ноќе е пироман, а преку ден глуми пожарникар, реагираат од ФРОДЕМ по вчерашните протести на ДУИ против градењето на крст во Бутел.![]()
„Народот не реагираше на нивните квази националистички и религиозни провокации. Настрада само една криминално преплатена палма. Прочитан е обидот за стартување на меѓуетнички тензии со кои режимскиот криминал треба да се пренасочи во трет план. Народот лежерно го прочита и планот „Б“ односно правењето атмосфера за примитивна изборна манипулација. Очигледно е дека некој се обидува со лажни совети да го спасува пастирот, продавајќи му стари мувлосани, веќе видени, сценарија за спасување на кожата, со кои само дополнително го заглавува. А, се знае кој може да продава изветвени, неуспешни журнали од „Застава филм приказује““, се вели во реакцијата.
ОД ФРОДЕМ додаваат и дека на општината Бутел и на населбата Топанско поле „им треба обележја што обединуваат, а не лажни патриоти на кои клептоманството им е клучна карактеристика, и кои по секоја цена сакаат бескрајна власт.“
„ФРОДЕМ ќе се обрати до градоначалникот и советот на општина Бутел, со јасно барање да прекине со опасното поттикнување на меѓуетничка и верска нетрпеливост. Истовремено ќе побара до завршувањето на парламентарните избори да прекинат со „опасните игри“ и ќе предложи решенија на споменични обележја од заедничко значење кои обединуваат, а не разединуваат“, пишуваат од ФРОДЕМ.