Лидери на ЕУ и на балканските земји утре ќе разговараат за да го поддржат создавањето нова операција за гранична контрола на границата на Грција со Македонија и Албанија, јави ДПА, повикувајќи се на нацрт-резолуција, подготвена за преговорите во Брисел.

armband_RO.prop_1200x720.ff87e0fb10

Новата операција на граничната агенција на ЕУ Фронтекс ќе стави акцент врз проверката на лицата кои ја напуштаат земјата, како и на регистрацијата на бегалци и на имигрнтите, кои се уште не се регистрирани во Грција.

Истиот документ предвидува дека 400 граничари може да бидат испратени во Словенија до среда, ако земјата го искористи механизмот на Фронтекс, за итно испраќање тимови.

Лидерите кои ќе се соберат во Брисел, ќе треба да усвојат дека „политиката да се пропуштаат бегалците до соседна земја не е прифатлива“, се наведува во нацрт-документот.

Документот се уште може да биде променет пред утрешната средба, наведува ДПА./МИА

Слични содржини