367
Фросина Кулакова од Неготино студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во Скопје е загинатата 22-годишна девојка на „Партизанска“.
Таа била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. За жал девојката им подлегнала на повредите и починала на лице место.
Како што известуваат од МВР, несреќата се случила вчера во 23:43 часот, каде автомобил „пежо 207“ со скопски таблички управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во девојката која била пешак.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР.