217
Четворица Украинци кои се обиделе да преминат во руската област Брјанск се „ликвидирани“, соопшти руската служба за безбедност ФСБ.
ФСБ ги опиша Украинците како „диверзантска група“, јавуваат руските новински агенции.
Тие, наводно, биле вооружени со оружје од странско производство и четири импровизирани експлозивни направи.
„Саботерите со себе имаа странско оружје: германски автоматски пушки SIG Sauer и муниција. Покрај тоа, имаа уреди за комуникација и навигација, како и средства за извршување на диверзантско-терористички акции – четири IED со вкупна носивост од околу 40 килограми ТНТ“, пренесе РИА Новости.
Украина сè уште се нема огласено по овој повод.