300
Агент на украинските специјални служби е уапсен на Крим, објави Федералната служба за безбедност на Русија.
Станува збор за Владислав Есипенко. Според ФСБ, тој подготвувал „субверзивни акции“ во интерес на украинската страна.
Федералната служба за безбедност објави видео од апсењето на рускиот државјанин на автопатот Крим.
При претресот на автомобилот, пронајдена е бомба – домашна изработка, сувенир со насликани знамиња на Украина и ЕУ, нож и телефон.
Есипенко ја фотографирал околината, стратешките објекти и местата каде што луѓето се собираат најмногу, објави ФСБ.