ФСБ: Навални има план да ги дискредитира руските специјални служби

од Stefanija Kuzmanovska
364 прегледи

„Истрагата“ на Алексеј Навални за наводните мерки преземени против него е планирана провокација, објави ФСБ на Русија.

-Таканаречената „истрага“ објавена на Интернет од страна на Алексеј Навални за наводните мерки преземени против него е планирана провокација, чија цел е дискредитација на ФСБ на Русија и членови на федералната служба за безбедност, чие спроведување не би било можно без организирана и техничка поддршка на странски специјални служби“, се наведува во соопштението.

Од ФСБ велат дека снимката што ја објави Навални со „телефонскиот разговор“ е фалсификат. Беше организирана проверка, чии резултати ќе бидат дадени на процедурална проценка.

„Употребата на методот за замена на претплатничките броеви е добро познат начин на работа на странски специјални служби, претходно користен неколку пати во антируски акции, што го оневозможува идентификувањето на вистинските учесници во разговорот“, се додава во соопштението.

Претходно, Навални објави друга истрага на наводна вклученост на припадници на ФСБ во неговата хоспитализација. Меѓу другото, објавен е разговор со човек кого опозицијата го нарекува службеник на специјалните служби.

Слични содржини