Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), денеска објави видео на кое се гледа Наталија Вовкова, осомничената за убиството на Дарја Дугина, јави РИА Новости.
Според извештаите, на видеото се гледа моментот кога Вовкова влегува во Русија, се вселува во истата зграда во која живее нејзината жртва и заминува за Естонија по експлозијата на автомобилот во која загина Дугина.
На видеото се гледа и Вовкова како ја отвора хаубата на автомобилот. Дугина веќе како бринета влегла во зградата во која живеела, а истата боја на коса ја имала и кога ја напуштила Русија, пишува РИА Новости.
Претходно на социјалните мрежи почна да кружи фотографија на која се прикажани документи на име Наталија Вовкова или Наталија Шабан (1979), која ФСБ претходно ја идентификуваше како убиецот на Дарја Дугина.
Според оваа служба, убиството на новинарката Дугина го подготвиле украинските специјалци, а „сторител е државјанката на Украина Наталија, која исчезнала по злосторството во Естонија“.
„Како резултат на комплексни итни оперативни и истражни мерки, Федералната служба за безбедност го реши убиството на руската новинарка Дарија Дугина, родена во 1992 година“, нагласуваат од ФСБ.
Според извештаите, Вовк пристигнала во Русија на 23 јули 2022 година заедно со нејзината ќерка Шабан Софија Михајловна, родена во 2010 година.
Вовк и Шабан на денот на убиството биле на литературно-музичкиот фестивал Традиција, каде Дугина била почесен гостин“, соопштија од ФСБ.