ФСБ: Поведена кривична постапка против тројца странски новинари за снимање во Курск

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека покренала кривична постапка против новинарот на Си-Ен-Ен, Ник Пејтон Волш и двајца украински дописници кои илегално ја преминале руската граница и снимиле материјал во селото Суја во областа Курск.

ФСБ додаде дека новинарите наскоро ќе бидат ставени на меѓународна потерница, пренесува Интерфакс.

Максималната казна за нелегално преминување на државната граница е затвор до пет години.

Слични содржини