ФСБ тврди: Украина се обиде да уништи далновод на Крим, уапсен шпион

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Агенти на руската ФСБ уапсија на Крим агент на Украинската разузнавачка служба (СБУ) кој планирал да разнесе далновод и сето тоа по наредба на украинските специјални служби, пренесе руската агенција ТАСС.

„Федералната служба за безбедност ја спречи саботажата планирана од украинските специјални служби на објектот на енергетската инфраструктура во Република Крим. Приведен е државјанин на Украина роден 1978 година, од кого се одземени три експлозивни направи, упатство за употреба и дијаграм на положбата на столбовите за пренос на електрична енергија во еден од кримските региони“, соопшти ФСБ.

На 9 октомври рускиот претседател Владимир Путин ја обвини украинската тајна служба дека е одговорна за силната експлозија што го оштети мостот Керч што го поврзува Крим со Русија еден ден претходно, нарекувајќи го „терористички чин“ против важна инфраструктура.

„Извршителите и командантите се украински тајни служби“, рече Путин.

Слични содржини