Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека уапсила руски државјанин кој работел во чувствителна компанија и е осомничен дека соработувал со украинските разузнавачки служби.
„За време на оперативните претреси, утврдено е дека уапсениот, како вработен во чувствителна компанија, воспоставил и одржувал контакт со претставници на украинската надворешна разузнавачка служба“, соопшти денеска ФСБ, пренесе Интерфакс.
Според ФСБ, уапсениот за пари пренесувал информации за единиците на вооружените сили на Русија, вклучително и за областа каде што се спроведувале воени операции.
Истражниот оддел на ФСБ на Русија отвори кривично дело според чл. 275 од Кривичниот законик на Руската Федерација (велепредавство).
Рускиот државјанин е приведен, тој се изјаснил за виновен за незаконски дејствија и активно соработува со истрагата, се вели во соопштението.
ФСБ не објави други детали за случајот.