ФСБ: Уапсен украински агент поради обид да крене во воздух руски брод

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси Русин, украински агент, кој се обидувал да крене во воздух еден од бродовите на Црноморската флота и му запленила две рачно изработени експлозивни направи, соопшти прес-службата на ФСБ.

„Спречен е обид на специјалните служби на Украина да извршат терористички акт на еден од бродовите на Црноморската флота кој носел високопрецизно ракетно оружје“, се вели во соопштението.

Се посочува дека руски оперативци уапсиле припадник на руската морнарица кој наводно бил регрутиран од украинската разузнавачка служба.

Слични содржини