280
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсила агент на украинската воена разузнавачка служба, кој на 23 февруари ги разнесе железничките пруги во областа Бахчисарај на Крим, соопшти денеска Центарот за односи со јавноста на ФСБ, пренесува „Танјуг“.
Центарот соопштил за ТАСС дека ФСБ спречила нелегална активност на руски државјанин роден во 1998 година, вклучен во извршување на чин на саботажа и тероризам во железнички објект на Крим.
Како што се истакнува, тоа го направил по наредба на украинските специјални служби.