ФСП бара додавка во партиските преговори: Обновување на сите досега монтирани судски процеси пред независен суд

од desk3
127 прегледи

Форумот на слободоумни патриоти ги повикува лидерите на политичките партии во престојните преговори да се договорат и за обновување на сите досега монтирани судски процеси пред независен суд, кој нема да е под контрола на врхушката и нејзините експонати во сваровски судството кое го креираа изминатите неколку години. Ова е битно бидејќи во сите тие процеси многу пати беа прекршени Уставот и законите на Република Македонија. Многу невини луѓе се осудени, а некои од нив со месеци и години беа држени и сеуште се држат во притвор и тормозат.

fsp-forum-na-slobodoumni-patrioti
Доколку вистински сакате да ја решите кризата, да ја намалите тензијата и да ја прекинете агонијата во која се наоѓа Република Македонија итно и
неопходно е да се направи обновување на сите монтирани судски процеси
како еден чекор кон помирување и нормализирање на состојбите.