FT: ЕЦБ создала тајни кредитни линии за Бугарија и Романија, секој ден ги следи Албанија, Македонија и Србија

од desk3
103 прегледи

Европската централна банка (ЕЦБ) има создадено тајни кредитни линии за Бугарија и Романија, како дел од напорите да се убедат финансиските регулатори да не ги затвораат локалните единици на грчките банки, објави Financial Times.

zx620y348_2574513

Веста за скриената поддршка за регионалните поделби беше соопштена уште на почетокот на месецот од Bloomberg, а според банкарски извори договорот со БНБ било претходно договорено. Четирите најголеми грчки банки Piraeus, National Bank of Greece, Eurobank и Alpha Bank имаат значителни средства во Централна и Источна Европа. При евентуално блокирање на овие средства од страна на локалните регулатори, грчките банки ќе преживат дополнителен капитален удар кој би бил потенцијално фатален за финансискиот систем на земјата, која веќе е на работ на колапс.

Гаранција

“Стравувањата се дека дури и во една земји тоа да биде направено, сите други ќе го следат”, вели извор на FT, запознаен со ситуацијата. Според него ЕЦБ воведе специјални или билатерални кредитни линии, со кои ќе ги увери Бугарија и Романија дека грчките банки ќе имаат финансиска поддршка при тековната криза. Слични линии, кои ќе им овозможуваат на странските централни банки да позајмуваат од ЕЦБ и да ги користат парите за внатрешно кредитирање, беа користени и при должничката криза во еврозоната. Таквите мерки сепак обично се објавуваат јавно.

Официјални лица потврдија пред FT постоењето на овие алатки, кои беа воведени за да не преземаат локалните централни банки избрзани потези. Со нив ЕЦБ потврдува дека ќе биде кредитор од последна инстанца, ако ситуацијата со грчките банки се влоши.

Народната банка на Романија одбила да коментира пред изданието конкретно за новите кредитни линии. Според институцијата локалните единици на грчки банки се стабилни. Банката допушта можност при влошување на ситуацијата да не дозволи повлекување на депозити од проблематични институции, како и да им помогне за подобрување на ликвидноста.

Пред FT Бугарската народна банка изјавила дека единиците на грчките банки се “независни финансиски и оперативно” и располагаат со нивоа на ликвидност и адекватност на капиталот над просекот. Од централната банка на Бугарија, исто така, изјавиле дека “сите се однесуваат во рамки на мерките кои ќе бидат објавени во согласност со политиката на Народната банка и на ЕЦБ”. Според банкарите во последните недели БНБ го засилила мониторингот над трансферите во платните системи и бара информации од банките неколку пати дневно.

Самата ЕЦБ одбила да коментира. Таа сепак ја следи ситуацијата преку секојдневни конференциски повици со сите држави во кои работат со грчки банки, вклучително и Албанија, Македонија и Србија. Бугарија и Романија се дефинираат како најважни, бидејќи грчките банки држат над една петтина од активата на банките во Бугарија, а во Романија уделот им достигнува 12%.