ФТ: Маск во приватни разговори за смена на британскиот премиер

од Nikola Popovski
328 прегледи

Извршниот директор на X, Илон Маск, водел приватни разговори со своите сојузници за можноста за смена на британскиот премиер Кир Стармер пред следните избори, објави Фајненшл тајмс.

Маск, најбогатиот човек на светот и близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, минатиот месец ја поддржа германската антиимигрантска партија пред изборите закажани за февруари и постојано ја коментираше британската политика, барајќи од Стармер да поднесе оставка, пренесува Ројтерс.

Маск, наводно, размислува за начините на кои тој и неговите сојузници можат да ја дестабилизираат владата на Лабуристичката партија, барајќи информации за тоа како да изгради поддршка за алтернативни политички движења во Велика Британија со цел да се дојде до промена на власта, пишува весникот, повикувајќи се на извори.

Слични содржини