Она што пред неколку месеци изгледаше незамисливо, сега е многу блиску да стане реалност за фудбалерите во Украина.
Има многу фудбалери од украинските клубови кои на почетокот на војната ја напуштија земјата и отидоа каде што можеа. Има повеќе луѓе кои останаа во земјава со семејствата и пријателите и чекаа се да помине и фудбалот повторно да им стане главна грижа.
Ако се оди според планираното, на 23-ти август ќе започнат новата фудбалска сезона во Киев, Лвов, Ужарод и веројатно Тернопил. Во знак на одбрана, зачувување на културата и обновување на општеството, како што велат челниците на оваа земја.
Во понеделникот на состанокот присуствуваа челниците на Фудбалскиот сојуз на Украина, претставници на властите и безбедносните служби. Во Киев ја разгледаа можноста повторно да се тркала топката.
„Одржувањето фудбалско првенство за време на војната не е само спорт. Сакаме да ја покажеме бестрашноста на нашиот народ, нескротливиот дух и желбата за победа. Ова е единствена ситуација во историјата: фудбал против војна, фудбал за мир“, изјави претседателот на Украинската фудбалска федерација Андриј Павелко.
Распоредот се уште не е направен, но форматот на лигата со 16 екипи ќе се задржи. Домашни натпревари во Киев ќе играат десет екипи и ќе се игра без публика.
Во текот на јули пријателски натпревари се играа низ цела Украина, се разбира не во областите на земјата кои се блиску до воени зони.