Фудбалерите на Сенегал ќе добијат по 76.000 евра и парцели

од Nikola Popovski

Навивачите на Сенегал им приредија топло добредојде на фудбалерите по освојувањето на трофејот на Африканскиот куп на нации, а наскоро ќе следуваат и награди.

Автобусот со Садио Мане и пријателите беше опкружен со илјадници навивачи, а полицијата имаше голема работа во обидот се да помине мирно.

Потврдено е дека фудбалерите ќе бидат наградени од државата за освоеното прво место. Најавено е дека секој ќе добие по 76.000 евра и парцела од 200 и 500 метри квадратни во околината на Дакар и Диамниадио. Претседателот на Сенегал, Маки Сал ги одликуваше со Националниот орден на лавот. Херојот на тимот Садио Мане ги пофали колегите, по промашениот пенал.

„Кога го промашив првиот пенал, тоа беше удар за мене. Сепак, моите пријатели ми пријдоа и ми рекоа: Садио, заедно губиме и заедно победуваме. Те знаеме. Веќе направи премногу за нас, задржи Тоа ме засили и ми помогна да постигнам гол од вториот пенал. Ми рекоа дека веруваат во мене и тоа ми даде мотив. Овој трофеј му припаѓа на целиот тим на Сенегал, сите го заслуживме“, рече Мане.

Слични содржини