385
Фудбалерот на Реал Мадрид и шпанскара фудбалска репрезентација Серхио Рамос и неговата сопруга, водителската Пилар Рубио се радуваат на доаѓањето на бебето. Наскоро нивната фамилија ќе биде побогата за уште еден член.
Пилар во емисијата „El Hormiguero“ ја споделила веста дека е во блажена состојба, а се уште не е познат полот на бебето. На својот инстаграм профил објавила фотографија на која откива дека тренира и за време на бременоста и го покажала затегнатото тело и стомаче.
Серхио и Пилар, една од најубавите жени на светот, се запознале по Европското првенство 2012 година. Заедно веќе имаат три сина. Најстариот Серхио е роден во 2014 година, Марко стигнал една година подоцна, а најмладиот Алехандро има нешто повеќе од една година.