2,6K
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со вкупно 37.375 евра поради однесувањето на навивачите на натпреварот против Италија (1:2).
Како што беше објавено на веб-страницата на УЕФА, Албанија е казнета поради палење пиротехнички средства, фрлање предмети на теренот, трчање на теренот и прикажување провокативни пораки кои не се соодветни за спортски настан.
ФС Албанија сигурно ќе биде казнет и по денешниот натпревар против Хрватска (2:2) бидејќи неговите приврзаници во хор со навивачите на противничката екипа скандираа „Убиј го Србинот“.