Опасно е да се претпоставува дека стабилноста на Македонија не остава место за загриженост, пишува во коментар за Центарот за европски политички студии Ерван Фуере, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија.

Во својата анализа Фуере објаснува дека сегашниот политички рецепт на ЕУ кон Македонија и регионот, со целосен фокус на стабилноста, не може да биде успешен бидејќи истовремено оди на штета на владеењето на правото и одговорноста на владата. И ја повикува ЕУ да ги употреби сите свои инструменти за да ја реши македонската криза не само заради Македонија туку и целиот регион, пренесува НоваТв.
Реакцијата на ЕУ од почетокот на “бомбите” на опозицијата е бавна и ограничена на изјави од типот на “сериозна загриженост” и повици за “независна и транспарентна истрага”. Но, според Фуере, овие изјави ставаат на знаење дека ЕУ нема допир со реалноста на теренот иако нејзиното извршно тело – Европската комисија (ЕК) – барем во последните два извештаи за напредок јасно вели дека е загрижена поради независноста на судството.
Јасно е дека единствен пат за излез од кризата е посилна и директна акција на ЕУ во Македонија, преку ЕУ и Службата за надворешна акција со која раководи Федерика Могерини, служба која досега молчи, предлага Фуере./ повеќе на НоваТВ