290
Фумио Кишида, лидерот на Либерално -демократската партија, официјално беше избран за нов премиер на Јапонија, откако освои мнозинство гласови во Претставничкиот дом.
Кишида ја доби довербата на 311 од вкупно 465 пратеници во долниот дом на јапонскиот парламент.
Така, поранешниот шеф на јапонската дипломатија стана 100 -ти премиер во таа земја и тој ќе ја предводи партијата на изборите за долниот дом на парламентот на 31 октомври.
Под притисок поради лошата политика против пандемијата на коронавирус, поранешниот јапонски премиер Јошихиде Суга на почетокот на овој месец објави дека ќе се повлече од премиерската функција и дека нема да се кандидира за раководство на партијата.