Британскиот премиер Борис Џонсон одлучи да поднесе оставка од функцијата претседател на Конзервативната партија, јавуваат британските медиуми. Се очекува тој да биде на премиерската позиција до есен.
Во текот на денот се очекува Џонсон официјално да ја објави својата одлука да поднесе оставка.
Фунтата веднаш реагираше. Британската валута достигна дневен максимум по веста дека премиерот ќе поднесе оставка.
Фунтата порасна за 0,35% во однос на американскиот долар за да се тргува за 1,1971 долари до 9:25 часот по лондонско време.
Тоа доаѓа откако повеќе од 50 пратеници поднесоа оставки од владата на Џонсон во рок од 48 часа.