ФЗОМ вработува администравиен асистент на директорот: Услов е завршена ликовна академија?!

370 прегледи

Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата.

Во рамки на тоа, ФЗОМ бара советник кој ќе го советува за директорот за административни работи, но услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување, односно менаџмент.

Во делот посебни услови кои треба да ги поседува кандидатот, во огласот е наведено дека треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.

Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00 денари.

Слични содржини