ФЗОРСМ: Пациентите можат да се лекуваат непречено, Фондот се справува со сајбер напад.

од Radmila Tasevska
152 прегледи

„Би сакале да ја информираме јавноста дека и покрај детектираните технички проблеми и нефункционалности на дел од електронскиот систем, пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој.

Дополнително, ја информираме јавноста дека во моментот ФЗОРСМ се справува со сајбер напад кој ја предизвикува нефункционалноста на дел од ИТ системите. Експертски тим работи 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок.

Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има изадени упатства кон Подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права.

Во интерес на прецизно информирање на граѓаните, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, јавноста ќе биде навремено известена“, стои во соопштението на ФЗОРСМ.

Слични содржини