Г7 ја осуди одлуката на талибанците да им забранат на жените да студираат

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека родовиот прогон може да претставува злосторство против човештвото.

Зборувајќи како претседавач со министрите за надворешни работи на Г7, таа остро ја осуди одлуката на Талибанците да им забранат на жените да студираат, што, заедно со другите мерки преземени од талибанците, може да изгледа како систематска политика, пренесува „Ројтерс“.

„Авганистан е потписник на Римскиот статут, според кој родовиот прогон е злосторство против човештвото“, рече Бербок.

Слични содржини