Г7 ги осуди „злосторствата“ извршени од руските сили во Украина

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Министрите за надворешни работи на Г7 ги осудија „злосторствата“ извршени од руските сили во Украина, велејќи дека ќе одговараат.

Во заедничката изјава која сама по себе ќе има многу мал материјален ефект, тие велат:

– Ние, министрите за надворешни работи на Г7, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД и високиот претставник на ЕУ силно ги осудуваме злосторствата извршени од страна на руските вооружени сили во Буча и низа други Украински градови.

– Масакрите во Буча и другите украински градови ќе бидат на списокот на воени злосторства и тешки прекршувања на меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право, извршени од агресорот на украинска територија, соопштија тие.

Слични содржини