Британскиот премиер Борис Џонсон денес соопшти дека лидерите на Групата седум (Г7), кои се состануваат за викендот во Карбискиот Залив на југозападот на Англија, ќе се обврзат да го вакцинираат светот до крајот на 2022 година.
Џонсон рече дека „нациите на светот“ мора да го остават настрана ставот „даму умре козата на комшијата“, што доведе до спорови околу лековите и методите на лекување на коронавирусот.
Тој за „Лондон Тајмс“ оцени дека е време богатите земји да преземат одговорност и да го вакцинираат светот, пренесе АП.
Исто така најави дека Велика Британија ќе донира милиони дози вакцини од вишокот залихи, но тој не прецизираше кога тоа ќе се случи.
Џонсон посочи и дека владата на неговата земја помогнала да се финансира развојот на вакцината „АстраЗенека“ на Универзитетот Оксфорд.