По неколку цртежи и основни детали објавени пред неколку дена, брендот Aion на GAC вчера официјално го претстави новиот Hyper GT grand tourer опремен со најнова технологија.
Начинот на кој се отвора предната врата веднаш се издвојува кај возилото, а треба да се каже дека Hyper GT се базира на напредната модуларна платформа AEP 3.0 и има коефициент на отпор на воздухот од само 0,19.
Меѓу другото, Hyper GT доби трета генерација на лидар, со најава дека автомобилот ќе препознае опасност и при дожд, снег и магла.
Има и долго меѓуоскино растојание, кратки настрешници, 19-инчни тркала, стаклен панорамски покрив, како и активна аеродинамика (задното крило се отвора автоматски при брзини над 80 km/h).
Aion Hyper GT ќе биде достапен со еден или два електромотори, а основната верзија со 250 kW/340 КС и 434 Nm нуди забрзување до 100 km/h за помалку од 5 секунди.
Податоците за батериите и опсегот ќе бидат објавени подоцна.
Цените ќе почнуваат од околу 43.500 долари.