Гадафи повторно ќе биде погребан

од Nikola Popovski
361 прегледи

Посмртните останки на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи ќе бидат предадени на членовите на неговото племе во Сирт за повторно погребување, пренесува саудиската телевизија „Арабија ал Хадат“.

Според извори од либиската телевизија, високи функционери во градот Мисрата и старешините на племињата Ал-Гадаф и Ал-Муџабар се договориле за пренесување на посмртните останки на Гадафи. Заедно со Гадафи Постариот, се очекува да бидат пренесени посмртните останки на неговиот 36-годишен син Моатасем-Билах Гадафи и Абу Бакр Иунис Јабр, еден од советниците на починатиот либиски лидер. Двајцата беа убиени заедно со Гадафи на 20 октомври 2011 година по битката во Сирт.

Гадафи беше мачен, содомизиран и претепан до смрт во октомври 2011 година од бунтовниците поддржани од НАТО, а инцидентот беше снимен и емитуван на ТВ мрежите ширум светот.

Откако Гадафи беше убиен, неговото тело беше однесено во Мисрат на „медицински преглед“, а потоа изложено во локалниот трговски центар. Тој беше погребан на непозната локација во пустината, и покрај ветувањата на милитантите дека ќе ги вратат неговите посмртни останки на неговото семејство.

Минатата недела лидерот на либиската милиција Салах Бади објави дека е подготвен да ја открие локацијата на гробот на Гадафи по повикот на поддржувачите на починатиот либиски лидер да ги предадат неговите посмртни останки за помирување во Либија.

Слични содржини