Гаф на шефот на Јуве: Ги сподели трансфер плановите на тимот

од Vladimir Zorba

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи направи голем гаф, откако заборави во ресторан белешка со имињата на зацртаните играчи од клубот. Според неа, „Старата Дама“ ќе го следи со интерес развојот на Николо Заниоло, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Федерико Киеза и Сандро Тонали.

„Ил Темпо“ тврди дека ливче било заборавено во ресторанот на хотел во Милано, каде Паратичи бил забележан. Директорот на Јуве ја скинал хартијата, но еден од посетителите го препознал, ги собрал деловите и ги видел неговите планови.

До името на фудбалерот на Рома, Заниоло пишувало 40 милиони евра, додека за тоа на полудефанзивецот на Бреша – Тонали – 20 милиони. Дефанзивецот на Џенова, Кристијан Ромеро бил оценет на 20 милиони, Федерико Киеза од Фиорентина на 50 милиони, а Доминик Шобошлаи од Ред Бул Салзбург – 10 милиони.

На спротивниот крај на листот биле имињата на Миралем Пијаниќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Во Италија го прочитале ова на следниот начин – Сергеј ќе го замени Пјаниќ во тимот.

Слични содржини