125
Актерот Кевин Спејси ги отфрли обвинувањата на неговиот колега Гај Пирс дека Спејси го прогонувал и му се „наметнувал“ додека го снимал филмот „L.A. Confidential“, објавија денеска американските медиуми.
Пирс не упати конкретни обвинувања против Спејси, но неодамна во поткастот на Awards Chatter изјави дека и тој е, до одреден степен, негова жртва.
„Јас сигурно не бев жртва до степен до кој беа другите луѓе изложени на сексуални предатори, но бев млад и впечатлив во тоа време, а тој секако ми се наметна, нема сомнеж во тоа“, рекол Пирс, според магазинот „Ролинг Стоун“.