Гал Гадот доби ѕвезда на Булеварот на славните, церемонијата ја прекинаа пропалестински демонстранти

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Церемонијата на откривање на ѕвездата на израелската актерка Гал Гадот на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес беше прекината поради протестите на пропалестинските демонстранти.

Тие се собраа пред оградениот простор на булеварот Холивуд носејќи транспаренти со пароли како: „Хероите се борат како Палестинци“.

За време на церемонијата на која колегите од филмот „Брзи и бесни“ оддадоа почит на Гадот, од насобраните демонстранти можеа да се слушнат бројни пораки како: „Ни долар повеќе, ниту цент повеќе, нема повеќе пари за израелските злосторства“, „Горе ослободување, долу окупација“.

Еден од луѓето присутни изјави за Variety дека сите се многу вознемирени поради тоа што се случува во Газа.

„Нема причина да се слави една Израелка. Гадот ја „закопа главата во песок“ наместо да го користи своето влијание за да зборува за војната. Таа има способност и можност да ги учи и чита истите книги што ги читаме ние. Нема оправдување“, рече таа.

За време на овој настан полицијата морала да интервенира откако еден од насобраните наводно одзел израелско знаме. И покрај протестите и тензиите на церемонијата, Гадот мирно ја прими нејзината награда.

„Јас сум само девојка од мал град во Израел. Оваа ѕвезда ќе ме потсети дека со напорна работа, страст и малку вера се може да се постигне”, изјави Гадот.

Актерката претходно отворено изрази поддршка за Израел на профилите на своите социјални мрежи, а нејзините ставови доведоа до тензии со нејзината колешка од Снежана – Рејчел Зеглер, која јавно ги поддржува Палестинците.

Слични содржини