Актерката Гал Гадот наводно ќе соработува со Дизни, бидејќи моментално преговара за прифаќање на улогата во играниот филм „Снежана“ кој наскоро ќе започне со снимање, пишува Deadline.
Иако љубителите на екранизацијата на познатите бајки веќе го добија филмот „Snow White And The Huntsman“ и продолжението на тој филм, кој пристигна во кината во 2016 година, во продукција на Universal Pictures, Disney продолжува да „црпи“ од оваа тема, а се очекува ова да биде адаптација на популарниот цртан филм од 1937 година.
Новата играна верзија на бајката на браќата Грим ќе ја режира режисерот Марк Веб, познат по работата на филмот „Amazing Spider-Man“, кој ја потврди оваа информација во јуни оваа година, а главната улога ќе ја игра актерката Рејчел Зеглер.
„Неверојатните вокални способности на Рејчел се само дел од нејзините таленти. Нејзината сила, интелигенција и оптимизам ќе играат голема улога во враќањето на класиката на Disney на големото платно“, рече тогаш Веб.
Интересен факт е дека ова ќе биде најголемиот распон помеѓу оригиналниот цртан филм и играната верзија, бидејќи доколку новата „Снежана“ пристигне во кината во 2022 година, ќе има период од 85 години помеѓу него и „Снежана и Седумте џуџиња“.
Исто така, оригиналниот филм беше голем кино хит во тоа време, па не е чудно што американските продуценти се уште не се откажуваат од оваа приказна.
Гадот, најпозната по нејзиниот портрет на „Wonder Woman“, претходно имаше некаква соработка со Disney, бидејќи се приклучи на компанијата 20th Century Films за филм базиран на романот на Агата Кристи „Смрт на Нил“, само половина година откако овие две продукции се споија.
Пред оваа актерка, гласот на Злобната кралица која се обидува да ја отруе принцезата со јаболко го позајми Лусил ла Верн, додека Шарлиз Терон ја глумеше оваа антихероина во „Snow White And The Huntsman“.
Сепак, ова не се единствените филмови во кои се појавува ликот на Снежана, а се издвојува телевизиската серија „Once Upon A Time“ на ABC, која ги вклучи сите познати бајки и ги претвори во такви што се случуваат во модерното време. Во таа серија Злобната кралица ја игра Лана Парила.
Гадот моментално игра во филмот на Нетфликс „Red Notice“, каде нејзини партнери се Рајан Рејнолдс, Двејн Рок Џонсон и Рита Ајра.